Шверцувала кокаин во силиконските импланти

popara12 декември, 20121min00
implatant

Шпанската полиција соопштила дека денес во Мадрид е уапсена жена со речиси 1,4 килограми кокаин кои ги сокрила во две лажни силиконски протези за гради.

Жената која пристигнала од Богота, била уапсена на аеродромот во Барселона.

“Жената имала две отворени рани и засеци под секоја дојка”, навела полицијата.

Полицијата ја открила дрогата кога за време на рутинската аеродромска контрола, забележала крвави дамки под двете гради.

Уапсената жена најпрво тврдела дека ги оперирала градите и вградила силиконски импланти пред два месеци. Таа по апсењето била пренесена во болница каде и ги отстраниле протезите.

“Откриено е дека во овие протези има кокаин. Таа пренесувала вкупно 1,377 килограми кокаин”, изјавиле од полицијата.

Шпанија е првата земја во Европа каде што влегува кокаин произведен во Латинска Америка и хашиш произведен во северниот дел на Африка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *