Британецот Ричард Ештон од Лондон го истетовирал својот пасош на грбот, а кога сака да подигне пари од банка често на вработените им го покажува грбот од кој тие ги читаат податоците, но тоа најчесто го прави ако ги заборави личните документи.
Ештон вели дека сакал по нешто да се сеќава на својот пат до Австралија како и да направи нешто со што ќе ги истакне патриотските чувства. “Мојата девојка едно време мислеше дека си луд, но сега смета дека тоа е супер и навистина интересно. Инаку, луѓето кои ќе ја видат мојата тетоважа се смеjат”, вели Ештон.