Хајди Клум и Сил нема да се раздвојат во мир, како што многумина очекуваа. Иако британскиот музичар и манекенката потпишаа предбрачен договор, Сил од Хајди бара половина од нејзиното богатство. Ова би значело дека Сил може да стане побогат за 200 милиони евра. Покрај тоа, можно е судот да пресуди во неговата користи – односно да добива половина од заработката на Хајди до крајот на нејзината кариера.
Од ова сценарио стравува и адвокатот на успешната мајка. Сил во текот на неговата кариера заработил два пати помалку од Хајди. Очигледно нивниот брак се скрши, бидејќи Сил имал љубовна врска со дадилката. Покрај тоа што се обидува да го заштити својот имот, Хајди се борби за старателството на нивните четири деца.