Сил ја извади бурмата и си ги налакира ноктите! Сега е спремен да напаѓа :))
16 февруари, 20120
![-seal-no-ring-inf-1](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/seal-no-ring-inf-11-610x294.jpg)
Oткако во средината на јануари објавија дека се разведуваат по седум години брак, Хајди Клум и Сил забележани се дека сеуште ги носат бурмите. Сепак, пејачот “пресекол” и го извадил прстенот, а ги покажал и налакираните нокти…
Пејачот Сил во Сиднеј покажал дека ги следи модните трендови на кои прибегнаа многу познати личности – ги налакирал ноктите и тоа со жолт лак. Папараците го фотографирале поради ноктите, а потоа сфатиле дека неговите раце откриваат уште нешто – нема повеќе бурма!
Пејачот неодамна гостувал на една емисија, каде изјавил дека неможе да објасни зошто и по разводот сеуште го носи прстенот, а што го натерало да го тргне, засега не е познато.