36 – годишната домакинка Сиобејн Флечер од својата 17 та година е претерано влакнеста на лицето и поради тоа се бричи секој втор ден. Целиот живот била без никаква самодоверба поради овој проблем, но решила да го промени тоа. Ја пуштила брадата за пример за луѓето кои немаат самодоверба и вели – луѓето со убави и со и без влакна на лицето.
Сестра и на Флечер и понудила 50 фунти да не го прави тоа. И пријателите се обидувале да ја предомислат, загрижени од реакциите на луѓето.
Но, Сиобејн решила – ќе ја пушти брадата и со свој пример ќе докаже дека секој треба да се сака каков што е.
Прекумерното растење на влакна на нејзиното лице е резултат на вишокот на тестостерон,кој може да се лечи со хормонска терапија, но само ако жената не сака да остане бремена.
Жените кои сакаат да останат плодни, како Сиобејн, едноставно мораат да страдаат од прекумерно растење на влакната или да се обидат изборат со нив како знаат и умеат.
Всушност, на овој чекор се решила за да собере средства за кампања за борба со ракот на простатата.
– Но и да им помогнам на луѓето со слаба самодоверба да речат – Не е важно!
– Луѓето се убави со и без влакна на лицето. Луѓето се невротични во врска со тоа но сакам да видат дека треба да се појават такви. Не е толку страшно – вели симпатичната Сиобејн.