Сиромашната мајка ставила отров во млекото со кое ја нахранила својата осум месечна ќерка, обидувајќи се на тој начин да и го одземе животот, бидејќи не можела да гледа како бебето и умира од глад.
Екстремната сиромаштија ја натерала мајката од Египет, на својата ќерка да се обиде да и го одземе животот за да ја поштеди од глад, бидејќи повеќе немала пари за да купува млеко. Загрижената мајка сепак се предомислила и ќерката ја однела во болница.
Лекарите веднаш повикале полиција, на која и објасниле дека го примиле осум месечното бебе во многу тешка состојба, предизвикана од труење со храна. 33 – годишната мајка признала дека на девојчето во млекото и ставила отров за глувци, бидејќи немала пари на дететто да му купи храна. Тврдела дека на овој потег била принудена поради фатот дека детето и умира од глад.
Додала дека е разведена и дека никако не можела да најде работа и да заработи пари со кои би ја прехранувала својата ќерка и себе. Полицијата ја испратила во јавна институција која помага на родителите без никакви приходи и самохрани мајки.