Пристигнува кралското бебе: Ја потврдија веста откако Кејт заврши во болница!

4 декември, 20120
william-and-kate-in-singapore

На принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон конечно им се оствари желбата! Ја објавиле веста откако Кејт завршила во болница поради утринските мачнини.

Нивната венчавка ја следеа милиони луѓе од целиот свет, а ништо поразлично нема да биде и сега кога идната принцеза го очекува првото бебе!

Во палатата на Сент Џејмс војводата и војвотката од Кембриџ денеска објавиле дека го очекуваат своето прво бебе. Цела Велика Британија веќе слави. И кралицата вчера дознала дека ќе добиеправнук или правнука!

“Возбуден сум за војводата и војвотката ќе бидат фантастични родители”, прв им честитал министерот Дејвид Камерон.

Двојката сега ќе се посветат на своите родителски должности, а нивното дете ќе биде трето во редот за наследување на тронот на кралицата Елизабета Втора – без оглед на полот. Така, детето на Вилијам и Кејт ќе биде пра пра пра внуче на Кралицата Викторија, додека принцот Хари сега ќе биде петти на листата за престолот.

Кејт вчера завршила во болницата King Edward VII во центарот на Лондон поради мачнини, кога докторите и ја соопштиле среќната вест. Бидејќи бременоста е во рана фаза, Кејт ќе остане во болницата неколку дена за да се избегнат било какви проблеми. Се претпоставува дека не е бремена повеќе од 12 недели, а тајната строго ја чувале се до овој момент.

“Не е важно дали ќе биде момче или девојче, тие сакаат две деца”, открила пријателка на Кејт пред неколку недели и најавила дека идните родители наскоро ќе ја објават среќната вест – и тоа навистина се случи! Честитки!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi