Видеото кое се појави на интернет во кое една жена ја зграпчува маицата на славниот тенисер Новак Ѓоковиќ пред рацете на една тинејџерка по крајот на финалниот меч на Австралија опен, го обиколи светот. Милиса Кук 14 годишната тинејџерка која е голем фан на српскиот тенисер, побарала да и се врати маицата бидејќи јасно се гледало дека била наменета за неа.
„Навивав во текот на целиот натпревар. Сигурна сум дека Новак тоа го забележа. Сакам само да ми ја врати жената маицата“, изјавила Мелиса за австралиските медиуми.
Набру се јави и другата страна, жената која ја зграпчи маицата, госпоѓата Ротшилд изјавила дека таму имало повеќе од 20 луѓе и се рабира дека 19 од нив ќе бидат разочарани кога ќе видат дека маицата не е во нивни раце.
httpv://www.youtube.com/watch?v=kWxPFstCm3U