Сите вистини за љубовта…

16 февруари, 20120
1

Она што ти се обидуваше да ми го објасниш толку долго време, јас го разбрав дури тогаш, кога се најдов себе си!

Секој си имал различен пат, по кој да стигне до својата среќа. Разбрав, кога го нацртав сопствениот пат…

Животот се учел само со живеење, а не со читање или слушање. Разбрав, зошто не ми го раскажуваше она што го знаеш…

Секој ден изживеан без љубов во срцето, бил потрошен напразно. Разбрав сега зошто трчаш така упорно по љубовта…

За да сакаш и да бидеш сакан, треба прво да се сакаш себе си. Разбрав сега зошто си вљубен во себе…

Кога болката ќе го достигне својот врв, од очите веќе не капат солзи. Сега разбрав зошто ти никогаш не плачеш…

Да го насмееш оној што плаче е многу поважно отколку да плачеш заедно со него. Разбрав кога ми ги претвори солзите во смеа…

Секој може да те навреди, но само оној што го сакаш може да предизвика болка. Разбрав, кога ме заболе…

Да не ја криеш вистината, е поважно од тоа да не лажеш. Разбрав кога ми го положи своето срце во моите раце…

Ако се чуствуваш доволно силен, за да стоиш сам на нозе, значи има некој наблизу, кој те држи. Разбрав сега зошто никогаш не си останал сам…

Во тоа да кажеш „Имам потреба од тебе, дојди!“, се крие всушност вистинската сила. Разбрав кога ти реков „Оди си!“…

Ако некој ти каже „Оди си!“, а ти одговориш „Сакам да останам!“ е доказ дека навистина сакаш. Разбрав кога тргнав штом ми рече „Оди си!“…

Гордоста е маска и прикритие на оние што губат, жалните и слабите. Срцето полно со љубов не знае што е гордост. Разбрав, кога осетив што е љубов…

Љубовта бара да сакаш и да не се откажуваш но не и да ја одземаш слободата на другиот…Разбрав!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi