„Скајфол“ преполн со грешки!

25 ноември, 20120
carinmarket_2407462b

Острото око на обожавателите, кои се експерти за пронаоѓање на филмски грешки, досега најдоа 24 пропусти во најновиот филм за Џејмс Бонд „Скајфол“.

Во сите 23 филма снимени за Џејмс Бонд, пронајдени се над 1.000 пропусти, податок којшто го изнесе порталот MovieMistakes, специјализирани за пронаоѓање грешки во филмовите.

Еве неколку од грешките. Во една сцена, Бонд носи две различни чевли. Во друга може да се види како носи очила за сонце, за тие во следната сцена да исчезнат, но повторно се појавуваат.  Во борба со еден до негативците, Бонд носи патики, а во следниот кадар јасно се гледа дека носи чизми.

Во друга сцена, Бонд од Раул Силва (Хавиер Бардем) зема радио и го става во десниот џеб, а потоа истото радио го вади од левиот џеб.

Има грешка и во сцената кога Бонд пука од пиштол којшто ги препознава исклучиво неговите отпечатоци од прсти, но во сцената тој пука од него иако на себе носи ракавици.

На самиот почеток од филмот, тајниот агент е погоден со куршум во десното рамо, а куршумот го вади од левото.

Има и многу други грешки, на пример со количината на течноста во една чаша, торба која мистериозни исчезнува од рацете, празен воз во лондонската подземна железница…

Доколку сакате и вие да најдете уште некоја грешка, погледнете го филмот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi