На ѕидот на прехрамбено угостителското училиште во Чачак била напишана листа со скоро сите видови на наркотици и по која цена се продаваат.
Директорот на училиштето изјавил дека е шокиран и дека се уште не може да верува што се случило.
За децата не е новост, многумина се оние кои знаат дека постојано има дилери на дрога околу училиштето.
Секој кој поминал покрај ѕидот ќе можел да види дека таблетите се продавале по 1000 динари, печурките по 20 евра, хероинот по 800 динари за половина грам, ЛСД за 1500 динари, а кокаин во зависност од квалитетот од 70 до 100 евра.