Урамнотежената исхрана која на организмот му ги дава сите важни хранливи материи може да ни помогне да ослабнеме, но и да ја задржиме добрата линија.
Американската академија за нутриционизам и диететика им препорачува на жените исхрана составена од житарици од цело зрно (три оброка по 28 грама), млечни производи (три безмасни или малку масни оброци од по 30 грама), протеини (140-170 грама безмасно месо, како на пример пилешко или риба), овошје (300 грама) и зеленчук (400 грама).
Експертите тврдат дека со следење на ваков начин на исхрана може да се постигне и да се одржи саканата тежина.
Освен тоа, се препорачува во исхраната да се вклучи железо, калциум, витамин Д и фолна киселина, а да се избегнува алкохол и цигари.