Смејте се – не ве чини ништо, а ќе бидете попривлечни и поздрави!

26 ноември, 20120
nasmevka

Луѓето кои повеќе се смеат живеат подолго, а другите повеќе им веруваат, покажуваат новите истражувања. Лѕѓето кои искрено се смеат испраќаат порака дека можете да им се доверите и да соработувате со нив. Исто така, оние кои повеќе се смејат другите ги доживуваат како дарежливи и отворени.

Жените кои не ја тргаат насмевката од лицето за мажите се попривлечни, а насмеаните луѓе и подобро поминуваат во животот.

Насмевката може да ве извлече од најнепријатните ситуации. Луѓето фатени во кршење на правилата понекогаш реагираат со насмевка, а американското истражување покажало дека тоа е добар потег.

Економистите откриле дека насмевката има и парична вредност – насмеаните келнерки добиваат поголем бакшиш, а стјуардесите понекогаш се платени за да се смеат.

Тајната на магнетската привлечност

Женската насмевка има речиси магично дејство на мажите. Во истражувањето 20% од мажите им приоѓаат на жени кои ги гледаат во очи, но ако покрај тоа се смешкаат, околу 60% од нив би сакале да ги запознаат.

Смеата навистина е заразна

На туѓа насмевка луѓето често реагираат со насмевка, а истражувањата покажуваат дека тоа се случува во 50% од случаите. За разлика од тоа, малку луѓе на намуртеност ќе возвратат на истиот начин.

Насмеаните луѓе живеат седум години подолго

Смеата го продолжува животот. Експертите ги проучувале фотографиите од спортистите и заклучиле дека оние насмеаните ги надживеале колегите за седум години.

Помага и кога не е смешно

Ако ви се случи нешто лошо, се чувствувате подобро ако се насмеете, дури и на сила. Но внимателно – на другите луѓе тоа ќе им биде чудно, па нема добро да ве сфатат.

Со насмевка се е појасно

Кога сте под стрес, “мозокот се замрзнува”. Но, ако се насмеете, мозокот тоа го толкува како да сте во добро расположение и опуштена состојба што ја подобрува концентрацијата и овозможува да дојдете до нови идеи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit