Кинескиот локален функционер Ву Џиминг е осуден од страна на Кинескиот суд на смртна казна поради примање мито во вредност од 7,5 милиони долари.
Доскорешениот заменик секретар на владата во провинцијата Ѓиангси – Џиминг е осуден на смртна казна со можност за двегодишно одложување од извршување. Ваквите казни често пати по изминати две години се претвораат во доживотен затвор, доколку осудениот има добро поведение во затворот.
Денеска, на сајтот на Окружниот народен суд во Диуѓианг беше објавено дека го конфискуваат имотот на Џиминг, пренесуваат американските медиуми.
Во пресудата се наведува дека Џиминг земал мито во периодот од 2002 до 2011 година, додека бил генерален секретар на владата во оваа провинција во источна Кина но исто така и во текот на неговите претходни работни задачи додека работел како шеф на управа на дистрикт и градски функционер.
Според известувањето на кинеските медиуми Џиминг за пари вработувал луѓе, организирал замена на работни места и добивање унапредување за државните службеници.