Со фотоапарат во раце од 4 години! Камар Хашим најмладиот фотограф од Ирак!

popara5 јануари, 20121min00
fghk

Осум годишниот Камар Хашим од Ирак своето време најчесто го поминува со фотоапаратот, а од неодамна и професионално работи како фотограф.

Фотографиите на ова Камар биле изложени во Багдад. Младите очи на ова дете гледаат само добри работи во иднината на неговата земја, но најдобро сепак гледаат преку камерата.

Хашим е најмладиот фотограф во Ирак, а почнал да фотографира кога имал само четри години. На почетокот само сакал да го имитира својот татко, кој инаку е фоторепортер и новинар.

Првите фотографии на Камар биле од птици, куќи и знаменитости. Неговиот татко не му дозволува да фотографира насилство, но детето сепак успеал еднаш да го фотографира градоначалникот на Багдад со неговите телохранители. По ова, владата му подарила на Хашим дигитален фотоапарат.

„Кога ќе видам нешто што ми се допаѓа, го погледнувам уште еднаш низ апаратот и сликам“, изјавил Камар.

Според него, секоја фотографија е  многу важна, бидејќи го документира животот и накратко го запира времето. На Камар му е многу драго што може низ своите фотографии да ја покаже својата земја и луѓе на светот.

httpv://www.youtube.com/watch?v=67srffRXUFQ

httpv://www.youtube.com/watch?v=PxRn0dF2tXE

Негови најомилени фотографии му се сликата од пчела која застанала на цвет и продавач на книги кој спие. Камар се надева дека еден ден неговата земја добро ќе се развие и дека неговото семејство ќе купи куќа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag