Сокот од бреза е многу лековит

popara5 мај, 20121min00
z

Сокот од бреза е многу полезен и има лековит ефект врз организмот. Сокот од бреза е со пријатен вкус, освежува и го зајакнува имунитетот. Уште од древноста е познат по своите лековити својства.  Брезата „плаче“ во пролет во продолжение од 15-20 дена и ни дава сладок брезов сок! Тој содржи калиум, калциум, магнезиум, железо.

Како се добива брезов сок? Во брезата се прави отвор, длабок 3-4 см. Сокот што тече се собира во сад, прицврстен за дрвото. Важно е после собирањето на сок да се затвори отворот во дрвото со восок и смола за да не боледува дрвото.

За медицински цели се користат лисјата, кората и ресите од брезата. Полезните биолошки соединенија, соли и минерали, растворени во сокот, образуваат речиси универзално лекарство.

Брезовиот сок се користи при камења во бубрезите, ефикасен е при лечење на чир, главоболки, бронхит, кашлица, ревматизам, радикулит и артрит. Освен тоа сокот го чисти организмот, ја подобрува размената на материи и го активира процесот на регенерација на клетките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma