И покрај ниските температури, Сораја на “Playboy” забавата се појавила во предизвикувачки фустан и така ги воодушевила машките посетители, но биле присутни и оние на кои бујната старлета им е “трн во око”.
Поранешната станарка на куќата на Големиот брат и овогодинешната Playboy девојка на годината, на големата забава во Загреб се појавила во фустан кој едвај ги покривал нејзините атрибути. Пред влезот позирала за фотофрафите иако температурата била под нулата.
-Јас сум професионалец и не ми е проблем да бидам полуразголена пред објективот, изјавила Сораја. Очигледно набрзо го изгубила трпението за позирање, па затоа одбила да се слика со Џана Апостолск,и (водителка на “голи вести”) која збеснала поради тоа.
-Таа се замислува дека е Ким Кардашијан. Се држи како да е недопирлива, изјавила поранешната водителка на “голи вести”.