Сораја пропеа!

Можеби првата реакција на оваа вест ќе ви биде превртување на очите, но сакале вие или не, Сораја наскоро ќе се појави во спотот на младиот пејач Давор Марковиќ.
Дали Сораја ќе ги покаже своите вокални способности, не знаеме, но како што Давор тврди, старлетата со бујно деколте ја одбрал, бидејќи е со сличен темперамент како него. “Таа и јас сме слични иако професиите ни се различни. Темпераментна и зрачи со позитивна енергија. Спотот за песната Ѓавол го снимавме два дена и имаше многу смеење но и пролеми, а интересно е што минувачите реаѓираа одлично, изразувајќи задоволство”, изјавил Давор.
Спотот го режирал Дејан Миличевиќ, додека песната ја работел Мирко Гавриќ. Останува само да видиме како Сораја се снашла во новата улога!