Совет за шминкање – усни подготвени за бакнување

popara24 март, 20121min00
tf5gte

Знаете колку пилингот и хидратацијата на кожата ја прави истата супер нежна? Истото важи и за вашите усни…

Исчистете ги усните со средството за вадење шминка од очите. Неговата исклучително нежна и ефикасна фромула ќе ги отстрани остатоците од карминот.

Еве и неколку техники:

Со моикра четкица за заби направете пилинг со тоа што ќе ја триете нежно усната со кружни движења 30 секунди. Ова ќе ги отстрани мртвите клетки и ќе ја стимулира циркулацијата, а усните ќе изгледаат пополни.

Исушете ги усните и нанесете балсам, а потоа вазелин. Оставете да постојат 10 минути како маска за коса и потоа со нежно со марамица ќе ги исчистите.

Нежно со марамицата ќе го натапкувате слојот, така што усните ќе останат хидрирани, но не и масни. Потоа земете го моливот за усни. Нанесувајте на мазна и сува површина.

По рабовите на усните поминувајте нежно со моливот за да оставите првобитна линија, а потоа повторете и гледајте да бидете прецизни, а тоа ќе ви помогне да го зголемите волуменот на усните.

На крај нанесете на усните долготраен кармин. Почекајте усните да ја апсорбираат бојата, а потоа нанесете балсам.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag