Совети како да ја подобрите концентрацијата

popara26 јануари, 20121min01
koc

Дали сме успешни во нешто или не често зависи од нашата концентрација. За се што правиме, било каква работа или учење, клучна е концентрацијата. Концентрацијата многу лесно се губи, а тешко се враќа, особено ако не сме во најдобра физичка форма.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да се сконцентрирате и да ја задржите концентрацијата.

Отстранете ги сите надворешни фактори, како бучава, телевизија, музика, се она што ви го одвлекува вниманието.

Најдобро е да се придржувате до ист распоред. Секогаш станувајте исто време наутро, независно дали сте на работа или не. Така ќе го навикенте организмот на одредено темпо на работа, па вашиот мозок ќе знае кога треба да биде концентриран.

Кога работите нешто целосно посветете му се и обидете се да не размислувате за другите неповрзани грижи и обврски.

Ако почувствувате пад на концентрацијата немојте да се форсирате. Направете пауза и не размислувајте за работата, за потоа одморени да се вратите на работа.

Кога повторно ќе почувствувате умор откажете се и продолжете следниот ден. Некогаш работите едноставно не може да ги завршите.

Секогаш оставајте си доволно време за некоја работа, не чекајте последен момент за да не го зголемите нивото на стрес кој лошо влијае на концентрацијата.

One comment

  • Bob Vancov

    22 ноември, 2012 at 07:57

    imate dosta poucni vpisanija od site predmeti za staro ili malo

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag