Во Јужна Кореа ќе најдете совршен поклон за Денот на Вљубените доколку вашата сакана е фан на портокалите.
Станува збор за интересни портокали кои, преку специјални модли, растат во форма на срце. Процесот на нивна изработка не е баш лесен, секој портокал посебно мора да се стави во модла, а нивниот раст постојано треба да се набљудува. Но мора да признаеме дека финалниот производ е навистина интересен.