Имагинативно, веќе стана секојдневие барањето да се најдеме на некое место каде што ќе заборавиме на грижите. Реално, тоа изгледа фикција… Но, како и да е ако одлучите да побегнете со куферот во една, а заштедата во друга рака, еве каде можете да отидете:
1. Nautilus Island ( Mаine, САД )
Големина: (153 780.544 m2)
Цена: 10.035 фунти неделно
Што нуди: Згради стари неколку векови, слики на локални уметници, тениски терен, виноград, можност за изнајмување брод со капетан…
2. Buck Island ( British Virgin Islands )
Големина: (174 014.826 m2)
Цена: по договор
Што нуди: Базен, плажи, прекрасен поглед, пејзажни градини, бројно население, мала оддалеченост од Тортола.
3. Cousine Island ( Сејшели )
Големина: ( 250 905.098 m2 )
Цена: 9810 фунти неделно
Што нуди: Џакузи, вили на 30 метри од плажата, огромни соби, бар, библиотека, просторија за вечера, можност за превоз со хеликоптер.
4. Jonathan Island ( Rhode Island, САД )
Големина: ( 11 290.7294 m2)
Цена: 3.136 фунти неделно
Што нуди: Шуми и помали песочни плажи, соби од преку 100 метри квадратни, кајакарење, опрема за риболов.
5. Melody Key ( Флорида, САД )
Големина: ( 22257. 7103 m2)
Цена: 9.407 фунти неделно
Што нуди: Неодамна е реновиран, има соларен погон, соба за 10 луѓе, спа, достапен е за венчавки.
6. Pumpkin Island ( Австралија )
Големина: (72 843. 4166 m2 )
Цена: 7.407 фунти неделно
Што нуди: Прекрасен пејзаж, еколошки е прифатлив, прима до 30 луѓе
7. Republic Island ( Michigan, САД )
Големина: ( 8 093.71284 m2 )
Цена: 345 фунти неделно
Што нуди: Островот на реката Michigamme, погоден за риболов, колиби со камини, во цената е вклучено возење со кану и бродови.
8. Royal Belize ( Белиз )
Големина: ( 30 351.4232 m2 )
Цена: Непозната
Што нуди:преубава водена површина, совршена за пливање, остатоци од цивилизацијата на Маите, 30 минутно возење со брод.
9. Sapibenega ( Панама )
Големина: ( 10 117.1411 m2 )
Цена: 1.050 фунти неделно
Што нуди: еколошки е прифатлив, има два ресторани, 13 колиби, излети во племенските села, погодно подрачје за набљудување птици.
10. Spectacle Island ( Маine, САД )
Големина: ( 16. 187. 4257 m2 )
Цена: 3.764 фунти неделно
Што нуди: риболов, модерно сместување, џакузи.