Спирулината – супер храна на иднината

6 јануари, 20120
2

Таа е сино-зелената кралица, мајчиното млеко на земјата или едноставно храна на иднината. Спирулината е алга со микроскопски димензии, со спирална форма од каде произлегува и името. Видете зошто е проглесена за супер храна број еден во светот:

Докажано најсилната и балансирана храна во светот;

Најбогатиот природен извор на бета каротин, 10 пати повеќе од морковите;

Содржи 7 пати повеќе калциум од млекото;

Има 6 пати повеќе природен протеин од јајцата;

Неверојатно е богата со антиоксиданси;

Големо разнообразие од витамини и најмногу од оние од Б групата;

Освен тоа таа вирее успешно во сите делови на планетата, не е особено претенциозна и може да биде култивирана насекаде.

Истовремено со сите свои карактеристики како супер храна, спирулината се користи и како лекарство и тоа доста успешно. Во медицината се користи за лечење на срцеви заболувања, црнодробни, анемии, стресови ситуации и депресии, сида, гинеколошки болести, труење со тешки метали, кожни болести и др.

Спирулината служи како храна за космонаутите, спортистите, се користи за регенерирање на воздухот во подморници и космички бродови.

Спирулината е распространета под формата на таблети, капсули, прав и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *