St. Anton- провокативното скијалиште во Австрија

popara1 февруари, 20123min00
7

Ова место нуди пријатна зимска атмосфера и авантуристичко скијање по алпските терени и претставува едно од најпознатите австриски скијалишта. Со долгогодишната историја и предизвикот кој го дава со прекрасните пространи терени се вбројува и во светски познатите скијалишта. Како локација е честа мета на сите вљубеници во зимските спортови кои со задоволство го посетуваат. Планинското место St. Anton е изградено во традиционален стил и се наоѓа во тесните долини на масивните алпски венци.  До него може да се дојде со автомобил или жичара која поминува низ самото место. Автомобили овде речиси и нема, така што посетителите се побезбедни и посигурно се движат по улиците.

St. Anton е популарно одмаралиште кое го опкружуваат многу ски терени како и жичара со осумдесет и шест седишта која ги транспортира туристите до нивните сакани дестинации.  Терените важат за едни од најубавите и се како создадени за искусните. Населбата, иако е во традиционален стил, претставува модерно место со голем број апартмани, кафулиња и  продавници. Преку ноќта е доста динамично и секаде може да се почувствува позитивна атмосфера од бучава и смеење, додека низ улиците се шири пријатниот мирис на топли напитоци.

Поубава дестинација за овој период не постои.

Погледнете и проценете зошто…

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag