Моделите на Samsung, Galaxy Ace и Galaxy mini, добија свои наследници, кои едноставно се означени со додадавње на бројот 2.
Во случајот на mini, се работи за телефон со екран од 3,27 инчи, резолуција 480-800, двојадрен процесор на 800 мегахерци, 768 RAM меморија и камера од 5 мегапиксели со блиц и авто-фокус.
Ace 2 ќе биде достапен од април во Велика Британија, а mini 2 од март најпрво во Франција, а потоа и на глобално ниво.
За тоа дали овие модели ќе добијат надоградба на Android 4.0 не стана збор, а сеуште не е позната ни нивната цена, но се претпоставува дека ќе биде во средниот ценовен ранг.