Стравот да сакаш…надмини го!

popara7 јануари, 20121min01
2

We found love in a hopeless place

We found love in a hopeless place

(Риана – “We found love”)

Кога за прв пат се вљубив, бев можеби петто или шесто оделение. Таа беше најубавото девојче во оделението. Сите момчиња беа вљубени во неа, а јас бев низок, со скинати патики и акни. Мечтев дека од сите момчиња во школото таа ќе ме избере мене. Во своите фантазии бев остроумен, силен, а во реалноста немав доволно храброст да и пристапам. Таа избра друг, а јас се чуствував како глупак, затоа што воопшто сум си помислил дека имам шанси. Моето единствено лекарство за скршеното срце беше да покажувам равнодушност кон неа и кон моите чувства, надворешно бев ладен, но внатрешно ме раскинуваше љубовта. Тоа беше мојот оклоп. И додека растев и се развивав, мојот оклоп се развиваше со мене.

Уште од најрана возраст во нас започнува да се оформува некаков образ на идеалната љубов. И колку повеќе се разочаруваме, толку повеќе се затвараме и се свртуваме кон тој идеал. Стануваме равнодушни кон светот и светот станува равнодушен кон нас. Имаме чуство дека никој не не разбира. Довербата не постои, љубовта не постои, сите се непријатели.

Помина долго време пред да го разберам тоа и да научам повторно да сакам. Имено да научам, зошто верувам, за да љубиш, пред се треба да сакаш, за да успееш да се пребориш со себе си и со стравот. Се научив да се обидувам да го разберам другиот човек. Не да го анализирам. Не да ги расклопувам неговите дела на составни делови, а имено да го чувствувам, да се поставам на негово место.

Бертран Расел имаше кажано дека љубовта е последната и најтешка детска болест, но покрај се таа болест ни отвара пат кон животот, зошто да се плашиш од љубовта е исто како да се плашиш од животот, а ако се плашиш од животот ти веќе си мртов.

One comment

  • chovek

    8 октомври, 2012 at 10:49

    iluzija 🙂

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag