На 13 април 2005 година во Александар Палас беше промовиран македонскиот стрип – Супер Тоше.
Главниот јунак во стрипот се рабира беше нашиот пејач Тоше Проески, а како автори се јавија Оливер Ромевски и Зоран Танев задолжен за цртежите. Во овој стрип беа вметнати сите доблести и карактеристики на Тоше, па затоа на авторите и не им беше премногу тешко да изградат фиктивен суперхерој. Во стрипот нашиот најдобар пејач се обидува со својот супер глас да го елиминира злото и да ги победи непријателите.