Струга

23 февруари, 20121
79t96

Струга е сместена е во подножјето на планината Јабланица, во Охридско-Струшката котлина, на северниот брег од Охридското Езеро, непосредно на местото каде се излива реката Црн Дрим од Охридското Езеро.

Струга е стара населба која потекнува од неолитскиот период. Во антиката, Струга има многу профитирано заради тоа што се наоѓала на патот Виа Игнација, кој ги поврзувалисточното и западното римско царство.

Археолошките наоди и откриените пишувани споменици зборуваат дека животот овде датира уште од праисторијата. Првата неолитска населба е регистрирана околу 3.000 години п.н.е. Античкото име на градот е Енхалон што значи јагула, а сегашното име Струга го добива подоцна од страословенскиот збор „страга“ што означува премин.

Што неизоставно треба да посетите во Струга:

Црква „Св. Ѓорѓи“

Изградена 1835 г. на темелите на многу постара црква од XVI век, црквата Св. Ѓорѓија се наоѓа во центарот на Струга. Содржи фрески од крајот на XIX век, но вистинско богатство претставува малата галерија на икони од XIII до XIX век, вклучувајќи ја и познатата икона на Св. Ѓорѓи насликана во 1267 г. Долгиот напис на позадината од иконата значи „Струга Охридска“.

Црква „Св. Никола Дримени“
Црквата Свети Никола Дримени се наоѓа на левата страна на реката Црни Дрим. При ѕидањето на црквата се откриени темелите на старата црква, но не се зачувани податоци за нејзината форма. Нејзиниот патронен празник е 19 декември кога редовно се изведува црковна богослужба. Се претпоставува дека првата црква Св. Никола Дримени била изградена во стара Струга, која ја покажуваат 15 мин одење југозападно од денешната крај Езерото, каде што постоел некаков вид на параклис. Се смета дека стариот град се викалДримени и дека бил голем град со 16 000 куќи и 24 цркви, со плоштад и палати на столбови. Навистина, и денес кога е бистро езерото можат во него да се видат калдрми и ѕидови. Од оваа населба се претпоставува дека дошло и името на црквата Свети Никола Дримени.

Хелвети теќе

“Хелвети теќе” се наоѓа во близина на центарот на Струга и е изградено на почетокот на 18 век од Хасан Баба. Петте соби кои ја формираат буквата Т содржат: соба за молење во која има “минаре” и балкон, соба за кафе, летна соба и соба за прием. Минарето има осморебраст облик кој ја прикажува Шаховската круна а во исто време ги симболизира осумте врати на рајот. Ова теќе е местото каде припадниците на исламската вероисповед се собираат да ги прослават своите верски празници Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам.

Друг важен исламски објект е Амамот која се наоѓа во близина на центарот на градот.

Спомен домот на Браќата Миладиновци, спомен куќата и галерија на Вангел Коџоман, и секако Природонаучен музеј „Др. Никола Незлобински“ основан 1928 год. Во музејот има зоолошко – ботанички, примероци (9.381) и историско – археолошки оддел со вкупно 2.576 примероци.

Во музејот покрај другите примероци изложени се 17 врсти на риби од Охридското Езеро каде се наоѓа и еден единствен примерок на морска риба кубла. Во две посебни простории изложени се историско археолошки предмети од минатото на Струшката околина. Во збирката се претставени предмети од праисторијата, од стариот и средниот век, како и од времето на револуцијата. Најголем број на експонати потекнуваат од неолитот што е резултат на големиот број на неолитски населби кои претставуваат неисцрпен извор на докази за животот и обичаите на луѓето од овој крај во минатото. Музејот е комплексна установа од археолошко, етнолошко, историско и одделение за ликовна уметност. Оснивач на музејот е Д-р Никола Незлобински, по националност Русин, а по професија лекар и вљубеник во природата кој во 1928 г. ја презентира првата зоолошка збирка со што се удрени темелите на природонаучниот музеј. Постојаната природонаучна изложба,која има локален карактер, содржи растителни и животински видови од Охридското езеро и неговата околина. Во изложбата се еволутивно презентирани експонати од сите животински категории од најпримитивните форми до цицачите.

Во близина на самиот град има места кои ќе ве воодушеват, како со својата природна убавина, така и со археолошко-историските наоѓалишта: Калишта, Радожда, Маруништа, Вевчани, Глобочица и други. Секако, посетете го и Охрид кој е само на 15км од Струга, ако ви остане време.

Св. Богородица - Калишта
Вевчани

One comment

  • BRANKICA

    24 февруари, 2012 at 00:13

    KONECNO NA NEKOJ MU TEKNALO DA NAPISI I ZA STRUGA NESTO!

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi