Владимир Вуксановиќ за време на снимањето на “Survivor” го испекла медуза. Како што дознаваме, манекенот од нтрагичниот исход го спасила брзата интервенција на лекарите, кои веднаш му дале инекција со антитоксин.
-Владо тој ден нуркаше со желба да извади повеќе јастози, за неговото племе да има што да јаде. Во еден момент само скокна од водата и викнал. Раката му беше многу црвена и брзо почна да отекува. Настана општ хаос. Останатите членови влегоа во водата и му помогнаа да излезе, а лицето му било искривено од болка, открива извор близок на продукцијата за познатото шоу. Веднаш е известена лекарската екипа, која цело врме дежурала во случај да дојде до повреда на учесниците и интервенирала со инекција.
-Престанал да ја чувствува раката. Бил исплашен до смрт. Девојките почнале да плачат од страв за неговиот живот. Сепак, се се завршило како што треба. Лекарите ја следеле неговата состојба и по три дена бил како нов – вели изворот.