Таткото на познатата пејачка Лејди Гага имал големи проблеми “борејќи” се со својата ќерка во текот на годините.
Како и многу други татковци, така и Џо Германота ја советувал својата ќерка да се облекува што по нормално и да открива колку е можно помалку.
“Се облекував и изгледав исто како и сега на сцената. На мојот татко тоа не му одговараше и често ми велеше: Можеш ли малку да го спуштиш тоа здолниште. Некои татковци тоа едноставно неможат да го поднесат”, изјавила Гага, пренесува The Sun.
Таа последниве денови ги поминува работејќи на подготовките за престојната светска турнеја. Никој не очекува да биде “пристојно” облечена, како што би сакал нејзиниот татко.