Тава со зелечук и пиво
26 ноември, 20120
Потребни состојки:
- 600гр месо од свински бут
- 2 главици кромид
- лажица концентрат од домат
- лажица брашно
- 3 лажици слатка зачинска пиперка
- 6дл пиво
- лажица сецкан рузмарин
- лажица маст
- сол
- бибер
- 150гр кисела павлака
Начин на подготовка:
Месото исечете го на помали парчиња, посолете и пропржете на путер. Додадете исецкан кромид на ребра и динстајте уште малку. Потоа додадете доматен концентрат, брашно, црвен пипер, бибер и рузмарин и додадете пиво. Покријте го на тивок оган динстајте 40 минути. Кога месото ќе омекне, извадете го и оставете го на топло, а сосот испасирајте го и во него додадете кисела павлака. Вратете го месото во сосот и послужте го топло.