Ја лиже пепелта од починатиот сопруг за да си ја намали тагата
26 ноември, 20120
Кejси каде и да оди со себе ја носи пепелта од својот сопруг и ја лизнува кога и да осети тага.
Кejси (27) е зависна од својот починат сопруг…
Таа толку го сака што неговата урна ја носи секаде со себе и никако не се одвојува од него. Каде и да тргне неговата пепел е со неа. Со него оди во прошетка, продавница, се вози, купува намирници кои тој ги јадел, му подготвува храна. Дури и кога оди во кревет, ја прегрнува урната и ја бакнува.
Кога е тажна и кога и е потребна поддршка, таа малку лизнува од пепелта. Штом ќе ја проба неговата пепел и го почувствува неговиот вкус, се враќа во нормала.