Текст што ќе ве натера сите да се замислите…

12 февруари, 20121
aa

Никогаш нема да можеш да ги избегнеш злобните коментари и озборувања на твоја адреса! Без разлика што правиш или не правиш, што зборуваш или што премолчуваш, секогаш ќе има незадоволни! Едноставно запомни, дека ако беше никој, немаше и да те коментираат!

Животот не ти ги дава луѓето што ти ги сакаш. Тој ти ги дава оние од кои имаш потреба. Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат. И да те направат човекот што треба да бидеш…

Љубовта е да ја раздаваш душата без жал и во истиот миг да заборавиш кому што си му дал!

Нема полесна вежба за срцето од тоа да протегнеш раце и да го подигнеш духот на некого!

Ако остануваш – остани за секогаш!

Ако заминуваш – стори го тоа денес!

Ако се промениш – тоа нека биде на подобро!

Ако зборуваш, биди убеден во тоа што го кажуваш…

Понекогаш она што ти дава сила е твојата слабост…

Не секогаш е лесно да зборуваш тивко…Особено кога живееш во опшество на глуви!

Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите успеси и амбиции. Малите луѓе секогаш ќе го прават. Додека вистински големите ќе ве направат да почуствувате дека и вие можете да станете големи!

Кога си навистина важен за еден човек, тој секогаш ќе најде време за тебе – без извинување, без лаги и без неисполнети ветувања.

Можеш ли да бидеш сигурен која болка е полоша – шокот од тоа што веќе се случило или болката од она што никогаш не било?

Кога ја пишуваш историјата на својот живот, не дозволувај друг да го држи пенкалото!

Животот е премногу краток, за да го поминеме во чудење. Ако сакате да направите нешто, направете го. Секогаш! Дури и ако после се покаете, дека не било тоа што сте си го мислеле…

Живеј за себе и запомни – пред да зборуваш, слушај, пред да пишеш, мисли, пред да повредиш, почуствувај, пред да мразиш, сакај, пред да се предадеш прво пробај, пред да умреш, живеј!

One comment

  • Marija

    5 јули, 2012 at 17:53

    аман со патетикиве веќе..

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *