Преговорите се во тек, а скандалозното шоу брзо ќе ја види светлоста на денот.
Бојан Јовановски – Боки 13, одлучил своето реално шоу во кое ќе направи промена на полот, да не се смитува на Пинк ТВ! Шоуто ќе трае од 50-70 дена, а македонскиот шоумен очигледно не можел да се договори со Пинк ТВ!
-Со Боки ќе учествуваат уште десет луѓе од неговото блиско опкружување, од кои пет се јавни личности, вели блиска личност на Боки и додава:
-Одлучил да не се емитува на Пинк, но многу други телевизии се заинтересирани за шоуто. И тоа не само поради забавниот карактер, туку и поради тоа што во него ќе се појават интелектуалци од различни сфери на животот кои ќе коментираат се во врска со овој несекојдневен настан. Ова е една многу сериозна приказна која според многу мислења ќе се прошири и надвор од границите на нашата земја.
Инаку, се работи за реалити во кое камерите ќе бидат во операциона сала, додека Боки ќе го менува полот.