Во прошетката низ Тетово ќе ве води Тетовската Менада:
Според една народна легенда, е сврзано со еден необичен настан од времето на турското ропство. Имено, во непосредна близина на градот, меѓу два рида, живеела голема змија од која се плашеле сите. Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тетоизлегол храбар маж. Еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Разлутена, таа со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот,(на турски), – Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.
Добрата геостратешка положба, тоа што се наоѓа на крстопат и Полог со родната земја, се причините со кои Тетово им го привлекуваше вниманието на разни освојувачи. Во XV век Тетово го освојуваат турците. Со доаѓањето на турците се развива едан друг вид на култура. Нејзино огниште стануава комплексот на бекташианското теќе наречено Арабати Баба, изградено од Серсем Али Деде (1538-1548).
Османлиите на Тетово му подариле многу јавни и верски објекти кои припаѓаат на исламската култура : џамии, теќиња, народни кујни за сиромашните, амами (јавни бањи),шадервани (фонтани) и др. Впечатлив е и старио Топовски Мост.
Неодминливи за посета се:
Арабати Баба Теќе
Бектешкото теќе Арабати-баба, претставува еден од најзначајните објекти од овој вид на Балканот. Арабати-баба теќе се наоѓа на периферијата на Тетово во непосредна близина на станицата од патничката жичарница Тетово – Попова Шапка. Според податоците во Теќето живееле околу 15 дервиши, на чии чело стоел старешина – баба. Дервишите биле прочуени како благородни, мирни и гостољубиви луѓе. Теќето се викало Арабат затоа што навидум неговиот основач бил сиромав човек со скината облека по име Алија, а така облечените луѓе Турците ги викале арабат. Поради тоа теќето го добило името Арабат-теќе За споменување е библиотеката на Арабати Теќе од XVIII – XIX век, затоа што во неа културата и образованието се развија паралелно со исламската религија. Во оваа библиотека се вршело и копирањето на дела од интелектуалците на времето, со избрана калиграфија кои покасно се краселе со орнаменти завиткани во кожа.
Тетовското кале
Тетово има свое кале кое се наоѓа на врвот на Балтепе, веднаш над Тетово. Тоа е изградено во 1820 год. од страна на Абдурахман Паша. Овој културен објект претставува една ретка убавина од минатото. Неговата содржина е доста комплексна. Внатрешниот дел има 5 сараи, големи кујни, бањи, еден бунар на средина и 3 тунели за излез. Во тек на војните претрпе големи оштетувања. Од археолоши аспект тетовското кале се нарекува Хисар Кале кој е населен уште од раната антика.
Шарена џамија
Во културното наследство на Тетово се вбројува и Шарената Џамија. Шарена Џамија е дел од комплекс на објекти одисламската култура како средиште на верското културното и духовното живеење во градот. Тоа се верски објект- еднокуполна џамија со полигонално минаре, чешма, турбе, амам и беговите конаци, каде џамијата го завзема централното место. Нема некои пишани податоци за тоа кога џамијата е изградена, но во тетовското семејство Палоши е сочувано едно предание според кое џамијата ја изградила Хуршиде Хатун околу 1566 година. Ако околу годината на изградбата може да има дилеми , сосем е точно дека џамијата ја подигнала Хуршиде, која била болна и се надевала дека на овој начин ќе го смилува Алах и ќе оздрави. Џамијата особено се истакнува со својата декоративна обработка, а пак сликарскиот украс ја исфрла во прв план и ја прави посебно интересна и привлечна. Блескавите арабески изразени во сино цвеќе и треперливите сонца претставуваат навистина силно привлечен декор.Џамијата одвнатре и однадвор е ишарана со разни бои и по тоа го добила своето име. Таа претсавува редок споменик од овој вид во нашата земја.
Соборен храм св. св. Кирил и Методиј
Соборниот храм св.св.Кирил и Методиј во Тетово претставува една врвна црковна архитектонска градба. Тој е еден од најубавите храмови,не само во полошкиот крај туку и пошироко во Република Македонија. Граден е на ново место од понов период, поточно за време на Илинденското востание во 1903 година. Иницијатор за градбата бил Прота Михаил (Мисо Мартиновски), примерен свештеник од тоа време,познат како заштитник на православните христијани од турските власти.Во тоа време како Архиерејски наместник успеал од Султанот Амид од Цариград да издејствува изградба на црквата. Одобрението го добил на 21 ноември 1902година.
И да не ја заборавиме вкусната тетовска кујна: