После 19 дена од денот на првото прикажување, американскиот блокбастер “The Avengers” веќе заработи една милијарда долари и на тој начин се изедначи со “Avatar” и со последното продолжение на Harry Potter.
Супер хероите овој викенд заработија речиси 200 милиони долари низ кината во целиот свет (103 милиони долари во Америка и 95 милиони долари во остатокот од светот), а на листата на рекорди кои ги имаат соборено, може да ја додадат и титулата за “филм со најбрза заработка на 300 милиони долари на домашниот пазар” (за само девет дена). Очекувањата се високи, особено ако се земе во предвид дека “Avatar” на пазарот во САД во втората недела заработи “само” 75 милиони долари.
Се очекува дека “The Avengers” до следниот викенд ќе влезе во првите 10 филмови со најголема заработувачка (моментално е на 18 место).