Му фрлале топка во двор, а тој им возвратил со бомба…
Ивица Н. (36) од Крагуевац фрлил бомба во дворот на Ненад И. бидејќи се скарал со децата од соседството меѓу кој бил и малиот Ненанд, поради тоа што постојано топката со која си играле завршувала во неговтио двор.
Ивица Н. (36) бил уапсен под сомнение дека фрлил рачна бомба во дворот на Ненад И.При тоа биле оштетени прозорците, фасадата на куќата и автомобилот од марката Фолксваген Пасат.
Ивица предходно се скарал со децата од соседството, бидејќи топката со која што си играле постојано завршувала кај него во дворот.
Ивица Н, е под сомнение дека ја фрлил бомбата во 22:40 часот, а полицијата ќе го обвини за кривично дело за предизвикување општа опасност и нелегално поседување на оружје и експлозиви.