Потребни состојки:
500 гр кори за лазањи
За бешамел сос:
– 50 гр маргарин, 50 гр брашно, 7,5 дл млеко, сол
За сосот од домати и моркови:
– 1 главица кромид
– Маслиново масло
– 1 чешне лук
– 200 гр дршки од целер
– 300 гр домати
– 2 моркови
– 100 гр кашкавал
– 1 лажичка оригано
– Бибер
Начин на подготовка:
За бешамел сосот направете светла запршка од маргаринот и брашното, додадете го млекото и гответе мешајќи по стојано околу 5 мин. Зачинете со сол по желба. За сосот од домати, исржете го кромидот со маслиновото масло. Додаете го целерот и морковот, а потоа исецканиот лук и динстајте налевајќи вода. Кога се ќе омекне, додадете ги доматите и зачинете. Варете на средна температура уште половина час.
Наредете ги лазањите во ватростален сад, а на секој ред ставајте бешамел сос, па со сос од домати и кашкавал. Печете од 30 до 40 минути на 150 степени. Јадењето може да го декорирате со маслинки.