Томато лазањи

30 април, 20120
jm

Потребни состојки:

500 гр кори за лазањи

За бешамел сос:

–          50 гр маргарин, 50 гр брашно, 7,5 дл млеко, сол

За сосот од домати и моркови:

–          1 главица кромид

–          Маслиново масло

–          1 чешне лук

–          200 гр дршки од целер

–          300 гр домати

–          2 моркови

–          100 гр кашкавал

–          1 лажичка оригано

–          Бибер

Начин на подготовка:

За бешамел сосот направете светла запршка од маргаринот и брашното, додадете го млекото и гответе мешајќи по стојано околу 5 мин. Зачинете со сол по желба. За сосот од домати, исржете го кромидот со маслиновото масло. Додаете го целерот и морковот,  а потоа исецканиот лук и динстајте налевајќи вода. Кога се ќе омекне, додадете ги доматите и зачинете. Варете на средна температура уште половина час.

Наредете ги лазањите во ватростален сад, а на секој ред ставајте бешамел сос, па со сос од домати и кашкавал. Печете од 30 до 40 минути на 150 степени. Јадењето може да го декорирате со маслинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi