Лејди Гага го воодушевила Тони Бенет додека снимала дует со него за неговиот нов албум. “Дојде толку подготвена и полна со знаење и идеи што да направи. Добра е како Ела Фицџералд, или било кој друг што ми доаѓа на ум. А уше ако го земеме во предвид нејзиното играње и нејзината филозофија за кршење на лажните митови и општествени норми. Многу е силна, знам дека звучи по малку лудо, но таа би можела да биде американскиот Пикасо кога сите би ја оставиле да прави што сака. Таа е многу, премногу е талентирана”, изјавил Бенет.
Пејачот претходно имаше снимено и дует со Ејми Вајнхаус. Иако таа тој ден била трезна и присебна, Тони изјавил дека сакал да интервенира и да и помогне да го врати животот назад на вистинскиот пат. ”Ќе разговарам со неа и ќе и кажам да се смири малку, во спротивно ќе се уништи”, изјавил Бенет.