Оваа сезона најактуелни се женствените, нежни и сексапилни фризури, со извесна доза ретро елементи во начинот на обликување. Целта е да се избегне монотонијата бидејќи фризурата навистина има голем удел во создавањето на уникатен стил. Пролета е вистинското време да експериментирате со својата коса, а ние ви нудиме неколку феноменални идеи.