На Consumer Electronics Show во Лас Вегас, Toshiba го претсави Excite X10, најтенкиот таблет некогаш направен.
Toshiba Excite X10 има 10,1 инчен IPS екран и дебелина од само од 7,7 милиметри. За споредба, iPad 2 има дебелина од 8,8 милиметри.
Можеби најзначајната особина на X10 (освен фактот дека е неверојатно тенок) e тоа дека има Micro USB приклучок, Micro HDMI приклучок, па дури и влез за SD картичка. Тука некако е сместен и простор за dock конектор, исто како и на iPad.
Што се однесува до другите карактеристики, X10 има 2 мегапикселна предна и 5 мегапикселна задна камера, 1,2 гигахерци двојадрен процесор и 1 гигабајт работна меморија. Резолуцијата на екранот е 1280 х 800 пиксели.
Според првите впечатоци, овој таблет е неверојатно добро направен, иако не е така цврст како iPad 2. Изграден е од магнезиумска легура, наместо од титан, па поради тоа е толку лесен, но не е така елесатичен.
Што се однесува до оперативниот систем, Toshiba сеуште не се одлучила дали ќе го искористи Honeycomb или новиот Android 4.0. Сепак, таблетот е изграден да може да го подржи и Ice Cream Sandwich.
Конечната цена сеуште не е објавена, но се смета дека Excite би можел да чини помеѓу 499 и 599 долари. На пазарот овој таблет би требало да се појави веќе на почетокот на оваа година.