Најчесто на пазарот се продаваат таблет компјутери од 7,7 и 10 инчи. Но Toshiba реши да отиде еден чекор понапред и да произведе таблет од 13,3 инчи.
Овој таблет е дел од нивната нова линија на Android таблети, Excite. Покрај овој, има и два модели од 7,7 и 10,1 инчи. Сите три модели имаат предна камера од 2 мегапиксели, главна камера од 5 мегапиксели, работат на Android 4.0 и имаат Tegra процесор.
Exicte 13 има LED екран со резолуција од 1600х900, Excite 10 има екран со резолуција од 1280х800, и Excite 7,7 има AMOLED екран.
Excite 10 и 13 имаат батерија која трае 13 часа, велат од Toshiba.
Што се однесува до цените, Excite 10 ќе биде на продажба од 6-ти мај и ќе чини 499,9 долари за верзијата од 16 гигабајти, додека Еxcite 13 ќе дојде малку подоцна, на 10-ти јуни по цена од 649,99 долари за верзијата од 32 гигабајти. Excite 7,7 ќе чини 499,99 долари.