Треба ли да ги криеме емоциите?!

popara19 декември, 20121min02
emocii

Понекогаш се прашувам дали има место за емоции во овој свет…за нежност…за топлина? Или се е само спомен од минатото? Јас ли сум од друга планета? Зошто треба да се затворам во оклоп за да се заштитам од светот? Зошто светот ми се смее иронично секогаш кога ќе покажам емоции? Зошто е чудно да имаш отворени за светот сетила?

Можеби затоа сум сама, но неможам да бидам студена. Сум се обидела, но ништо. Очигледно премногу оган има во мене и ништо не го гаси. Во овој леден свет што друго може да се очекува од мене освен самотија?

И сум сама во мојот замок уште една ноќ…Навикнав да сум сама. Тогаш сум себе си, тогаш сум и некоја друга. И сум осамено мало девојче и сум силна независна жена. И сум топла како пролетен ден и сум ладна како дождот. И сакам да создавам и сакам да рушам. И душата ми е како летна бура родена од средбата меѓу топлиот и студен воздух.

Студен свет. Луѓето знаат само да судат и да даваат совети и секој од нив мисли дека знае се и дека има право да се вмеша и во твојот живот. Ја гледаат пред се негативната страна , заборавиле да те сакаат со сите твои добри и лоши црти, да те разберат и прифатат, да го најдат убавото во тебе. Секој ти кажува што да правиш, како да си го дишеш воздухот, каков треба да бидеш, како да се однесуваш…

Ајде…движи се по површината, немој да мислиш. Премногу мислиш и гледаш на светот премногу длабоко. Не треба, треба да одиш по инерција, да зборуваш по инерција, да работиш по инерција, да сакаш по инерција. Живеј по инерција, без да чувствуваш премногу…за да не се изгориш случајно! Криј се зад искривена карневална маска…нели така е полесно. Обиди се да се допаднеш, да не кажуваш што мислиш, за да не создаваш конфликти. Трпи и спаси си ја душата…Да не те проколне Оној од горе зошто не ги прифаќаш заповедите. Затвори се во оклоп…додека вистинскиот живот се случува надвор од твоите граници. Затварај ги очите…Потони во својата вечна дремка. И гледај да не успееш да се разбудиш, за да не зажалиш, дека животот ти поминал монотоно.

2 comments

  • R1

    19 декември, 2012 at 18:11

    Јас сум до овде… ако најдеш clue за како понатаму… информирај ме 🙂

    Reply

  • R1

    19 декември, 2012 at 18:09

    Јас мислам дека повеќето луге се осекаат на овој начин. За да фунционираш по инерција, најверојатно треба нешто да те повреди до тој степен што ќе се затвориш и ќе станеш жив мртовец. Страшно!

    Замокот го градиме ние самите… неговата ширина, посетителите, изгледот… Издигни се над него, и внимателно избери кој ќе го пуштиш да влезе во тој замок, но не заборавај, можеби некогаш тој ќе посака да излезе надвор, бидејки и тој си има свој замок. Она што ќе го задржи во твојот, е твојата мистерија, срцето на замокот. Во тој замок, колкав и да е, треба да постои една соба само твоја. Соба во која и целиот замок да се руши, ќе можеш да влезеш во неа. Никој нема да знае за таа соба освен тебе. Таа соба ќе ти биде база за да изградиш некогаш нов замок доколку потоне постоечкиот.
    Проблемот е во тоа што сакаш да сонуваш со отворени очи… да, нема поубаво. Но, еднаш веке си сонувала и знаеш како е. 95% од лугето, не ни знаат од прикика како е тоа.

    Биди среќна, полна со самодоверба и turn off бариерите околу тебе кој ги имаш ставено безпотребно.

    Внимавај – Парадоксот на Диоген.

    Бараќи луге, тој се изгуби.

    Секое добро.

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag