Три совети за успешна диета

popara18 јануари, 20121min00
diet

Доколку сте се одлучиле да се ставите на диета и да почнете да вежбате, браво за Вас!!! Самата одлука е првиот чекор кон подобро тело. Еве ви три совети кои се надеваме дека ќе ви помогнат да ги совладате вообичаените пречки и да останете на патот кон успехот.

Поставете си цели и мерете го вашиот напредок: Бидете реални кога станува збор за вашите способности. Експертите советуваат да напредуваме пополека, но повеќето луѓе не знаат што значи тоа конкректно. Затоа, ако подолго не сте вежбале, морате да почнете со лесни вежби, на пример, дваесет минутна прошетка. Кога ќе осетите дека сте подготвени за прогрес, зголемете ја минутажата на шетање или бројот на вежби. Напорното вежбање може само да ја намали вашата мотивација или да придонесе кон несакани последици.

Водете дневник: Недостатокот на време е главната причина за помалку вежбање отколку е потребно. Сепак студиите покажуваат дека имаме повеќе време одошто мислиме, па за да го пронајдете вашето време за вежбање ви советуваме да водете детален дневник кој ќе ви помогне да го најдете вистинското време за вежбање.

Подгответе се да чувствувате глад: Вежбањето може да го подигне метаболизмот на неколку часа, но зголеменото согорување на калории може да го зголеми апетитот. Бидете подготвени да чувстувате глад. За да избегнете внесување храна по вежбањето (и враќање на калориите што сте ги потрошиле) најдобро е оброкот да се испланира еден час по вежбањето. Ужина која содржи јаглени хидрати и протеини преставува најдобро решение, а тоа може да биде: смоква, диња или јогурт без масти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag