Трогателно: Тешко болен млад дечко снимил песна со која се збогува со пријателите!

popara18 декември, 20121min00

Зак Собиек страда од неизлечлив облик на рак, а неодамна одлучил да сними песна за да се зборува со пријателите и семејството, бидејќи лекарите му даваат од три месеци до една година живот.

17-годишниот тинејџер од Лејкленд, Минесота, ja напишаl трогателна песна “Clouds”, а на YouTube поставиl и видеозапис од снимањето во студиото. За само 10 дена песната има повеќе од 400.000 преслушувања.

Собиек боледува од остеосаркома, поточно ретка форма на канцер на коските која најчесто ги погодува младите луѓе помеѓу 10 и 25 години. Болеста му е откриена во 2009 година, кога имал само 14 години, а испитувањата покажале дека силната болка која ја чувствувал во колкот е рак на коските. Зак потоа бил подложен на неколку операции и хемотерапии, но прогонозите и понатаму се лоши по неговиот живот.

Неговото семејство основало и финдација во негово име, а сите оние кои ќе донираат 20 долари и повеќе, на подарок го добиваат и неговиот музички албум на кој се наоѓа и споменатата песна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag