Јајцата како превенција од многу болести

18 декември, 20120
jajca1

Досега беше познато дека јајцата се одличен извор на протеини, липиди, витамини и минерали, а научниците од Универзитетот во Алберта ги открија нивните антиоксидансни својства, што значи дека помагаат во превенција на болести на срцето и крвните садови, како и ракот.

Истражувачите ги испитувале жолчките од јајцата на кокошките кои биле хранети со пченица и пченка, па така заклучиле дека содржат две аминокиселини и тоа триптофан и тирозин, кои имаат силни антиоксидативни својства, што значи дека штитат од разни болести. Така, две живи жолчки имаат скоро двојно поголемо антиоксидансно својство отколку јаболкото, и речиси исто како 25 грама брусница.

Во претходните истражувања, истражувачите утврдиле дека протеините од јајцата се претвораат во желудочен ензим, кој во тенкото црево произведува пептиди кои дејствуваат на ист начин како лековите за намалување на крвниот притисок. Ова е секако спротивно на мислењето дека јајцата се виновни за зголемување на крвниот притисок, поради тоа што содржат високо ниво на холестерол.

Количеството на аминокиселини се намалува со пржењето и варењето, но и во тој случај можат да ја заменат количината на антиоксиданси која ја содржи едно јаболко. Научниците најавуваат дека новото истражување ќе утврди дали јајцата содржат и други протеини кои имаат антиоксидансни својства, бидејќи е веќе познато дека во жолчката има каротеноиди и пептиди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *