Потребни состојки:
- 300 гр. брашно
- 300 гр. вода
- 50 гр. маст
- 6 јајца
- 1200 гр. шеќер
- 1 литар вода
- малку сок од лимон
- масло
Припрема:
Од 1 литар вода и 1 кгр. и 200 гр. шеќер сварете го најпрво шербетот и тоа да биде поryст и ставете во него сок од лимон. Ставете ја водата на оган со маста да зоврие и постепено додавајте го брашното. Откако зоврие убаво, тргнете го од оган и оставете го малку да се олади.
Потоа додавајте ги едно по едно сите јајца и месете додека не добиете мазно тесто. Ставете на оган маслото да се загрее и низ шприц за тулумби спуштајте ги тулумбите во маслото да се испржат.
Готовите тулумби вадете ги со решеткаста лажица и веднаш ставајте ги во шербетот. Провалкајте ги од сите страни во шербетот и редете ги во поголема чинија. Добар апетит!
2 comments
ljupka
8 април, 2012 at 00:28
6 be brat
Александар
5 април, 2012 at 10:26
a kolku jajca