Tumblr почнува да продава реклами

popara23 април, 20121min00
0420007.42

Кога во 2010 година даде интервју за Los Angeles Times, извршниот директор и основач на Tumblr, Дејвид Карп изјави: „Ние многу се противиме на огласување. Тоа навистина ни ги подигнува желудниците.”

Времињата се менуваат. На конференцијата Ad Age Digital, Карп објави дека од 2-ри мај оваа година Tumblr ќе започне на огласувачите да им нуди можност да закупат оглас на Tumblr Radar алатката која ги истакнува најдобрите постови од Tumblr и кој има околу 120.000 „импресии” дневно.

„Веројатно тогаш бев идиот”, изјави Карп коментирајќи како некогаш бегал од било каков вид на рекламирање.

Tumblr веќе осигура партнерство со петнаесет големи огласувачи вклучувајќи го и Cartoon Network.

Брендовите како што се IBM, EMI Music или Huggies веќе имаат блогови на оваа страна, но досега немале можност да платат за својата содржина да ја промовираат на овие страни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag