Тути фрути ролат

23 ноември, 20120
kolacinja

Лесните и брзи торти нема да ви одземат многу време, но затоа пак на вашите домашни ќе им причинете големо задоволство. Уживајте во текот на викендот во опуштена домашна атмосфера  и вкусните колачи.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

ЗА КОРАТА:

7 белки,

200 грама шеќер,

100 грама пржени

и мелени лешници,

лажица брашно.

ЗА ФИЛ:

0,5л. Млеко,

една и пол кесичка пудинг од ванила,

3 л. брашно,

100 гр. Шеќер,

10 жолчки,

250 гр. Путер,

300гр, чоколадо со мелени лешници,

300 гр. мешавина од брусница, ф`стаци, лешник и суво грозје.

ЗА ПРЕЛИВ:

100гр. Чоколадо,

2 лажици млеко,

лажица шеќер.

ПОДГОТОВКА:

За кората;  изматете ги белките  и шеќерот  и во тоа измешајте ги лешниците и брашното. Сипете го тоа во намрсена тава и печете.

За филот; зовријте го млекото со шеќерот, па во него полека  сипајте го размешаниот прав за пудинг, брашното и жолчките. Кога кремот ќе се згусне се остава да се олади. Потоа во него се меша путерот и се додаваат  чоколадото и лешниците.  Кората се премачкува со фил, се посипува со мешавината од  сувото овошје и се завиткува во ролат.

Кога ќе се излади , се прелива со глазура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi